Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Jaz Makadi Oasis Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација
Овој хотел изграден во Нубиски стил, се наоѓа во елитниот туристичко хотелски комплекс - Мадинат Макади. Хотелот е на втора линија но располага со сопствен приватен сектор од песочна плажа со гребен за нуркање. Меѓународниот аеродром Хургада е на 35-минути возење.  Ресортот Jaz Makadi Oasis е оддалечен 3 км од аква паркот Makadi Water World со 50 различни лизгалки за возрасни и деца, до каде се стигнува со бесплатен шатл бус кој повеќе пати во текот на денот кружи низ комплексот.

Содржини
Базенот, кој е во стил на лагуна има лизгалки и е опкружен со палми и лежалки. Со огромен базен, три барови и врвен опсег на активности погодни за целото семејство, Jaz Makadi Oasis Resort ги задоволува сите критериуми за луксузен одмор. Базенот налик на езеро го зазема централното место и е центар на хотелот. Ресторанот Ел Хамбра е главниот ресторан и служи доручек, ручек и вечера на шведска маса. Храната е разноврсна а во ресторанот  редовно се организираат тематски вечери, додека акцијата продолжува навечер кога музичари и танчери во живо го одржуваат нивото на енергија високо! Ел Шамуса Бар нуди пијалоци и закуски покрај базенот. Лоби барот е достапен 24 часа и нуди традиционален чај. Дел од хотелските содржини се споделени со или лоцирани во некој од другите хотели од елитниот хотелски комплекс Мадинат Макади.

Сместување
Jaz Makadi Oasis нуди климатизирани соби со балкон и поглед на базенот и градината. Вкупно 521 соби и сите се опремени со сеф, приватно купатило со фен, сет за кафе и чај, сателитски ТВ, телефон и минибар (со доплата).

Плажа
Хотелската песочна плажа е на околу 10 минути пријатно пешачење од Jaz Makadi Oasis. Плажата е со постепен песочен влез во вода, а во близина има и корални гребени за оние кои сакаат да нуркаат. Извонредните можности за нуркање го прават заливот Макади многу популарно одморалиште.