Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Kamellia Hotel Complex
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Комплекс Камелија е најновиот апартмански хотел со четири ѕвездички во Пампорово, кој нуди елегантна комбинација на луксуз, удобност и спокојство. Хотелот се наоѓа на околу 2,5 км од центарот на Пампорово и на околу 500 м од ски-лифтот. Хотелот се наоѓа меѓу боровите шуми на планините Родопи, во непосредна близина на ски центарот Студенец и директно на скијачката патека бр.7. Комплексот Камелија нуди одлични услови за семеен ски-одмор во срцето на планината. Благодарение на локацијата, скијањето, скијачкото складиште и училиштето, тој е омилено место за љубителите на зимските спортови и снежните авантури.
 
Сместување: Комплексот Камелија нуди 101 современо дизајнирани и луксузно опремени сместувачки единици, вклучувајќи:
•Апартмани со една спална соба;
•Апартмани со две спални;
•Апартмани со три спални соби.
Апартманите ги нудат следните удобности: Комплетно опремена кујна (фрижидер, шпорет, микробранова, кафемат за филтер кафе, тостер, аспиратор, прибор за готвење, прибор за јадење, кујнски прибор), трпезариска маса, даска за пеглање, сателитска телевизија, телефон, интернет, бања со туш / тоалет, камин..
 
Хотелски содржини: Хотелот располага со рецепција, 2 ресторани кои служат различни Бугарски и Европски јадења, како и јадења на скара, лоби бар, сеф на рецепција (се доплаќа), менувачница, Wi-Fi интернет, конференциска сала, паркинг (до пополнување на местото), ски депо, велнес центар (базен, фитнес, сауна, парна бања, соба за релаксација, џакузи), билијард, фудбал на маса, детска игротека.

Забелешки

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Сместување во хотел според резервираниот термин, потврдениот тип на соба, на база  избраната услуга.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» Осигурување од отказ на потврден аранжман или од прекин на започнат аранжман.

» туристички таккси и други доплати, освен ако не се наведени во договорот.

 

Повеќето хотели имаат задолжителна доплата за свечена вечера (25.12 и 31.12).

Секој отказ на резервиран и потврден престој во хотел во празничен период (20.12.2023 - 05.01.2024), направен на 30 или помалку дена пред термин ќе биде наплатен во целосен износ. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

Програма

БАНСКО ЗИМА – Индивидуална програма

 

1.ден

Пристигнување во хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто по 14:00 часот).


Денови од престој

Престој во избраниот хотел на база на резервирната услуга и број на ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

 

Последен ден
Појадок (за гостите кои имаат резервација на база ноќевање со појадок или полу пансион). Одјавување и напуштање на собите претпладне согласно хотелските правила, најчесто окулу 10:00 часот. Продолжено задржување на собите - "Late Check Out" ба барање може да се обезбеди со доплата на лице место (рецепција).