Локација:
Hotel Kirman Arycanda се наоѓа директно на песочно-камчеста плажа во местото Окурџалар, во заливот Карабурун. Од центарот на Аланија е оддалечен околу 33 км, а од аеродромот во Анталија приближно 90 км. Локацијата е мирна и погодна за семејства, со убаво уреден хотелски комплекс покрај морето.
Соби и сместување:
Хотелот нуди модерно уредени и комфорни соби. Стандардните соби се со површина од околу 29 м² и располагаат со една спална просторија со француски или два одделни кревети, со можност за дополнителен помошен лежај. Порoдичните соби се со површина од околу 39 м² и се состојат од две одвоени простории поврзани со врата, што ги прави идеални за семејства со деца.
Сите соби се опремени со клима-уред, SAT TV, мини бар, сеф, кетлер со сет за кафе и чај, фен, купатило и балкон или тераса. Wi-Fi интернет е достапен во собите.
Услуга / Исхрана:
Хотелот работи на Ultra All Inclusive концепт. Во понудата се вклучени доручек, касен доручек, ручек и вечера на база на отворен буфет со богат избор на јадења, како и ужини во текот на денот. Достапни се локални алкохолни и безалкохолни пијалаци според хотелските термини. Во главниот ресторан постојат детски менија и посебен беби-кутак. À la carte рестораните се користат со претходна резервација, при што еден ресторан е вклучен бесплатно по престој.
Хотелски содржини:
На гостите им се на располагање главен ресторан, неколку à la carte ресторани, повеќе барови, отворени и затворени базени, како и голем аква-парк со тобогани за возрасни и деца. Хотелот располага со фитнес центар и комплетно опремен SPA центар. За семејствата со деца се нудат специјални концепти како Kids Chef, Kichi Kids Club и Baby Star пакет со опрема за најмладите. Во текот на денот и навечер се организираат анимации, тематски вечери и забавни програми.
Плажа:
Хотелската плажа е песочно-камчеста, долга околу 200 метри и се наоѓа веднаш пред хотелот. Лежалките, чадорите и пешкирите за плажа се бесплатни за гостите на хотелот.
Спорт и забава:
Гостите можат да учествуваат во различни спортски активности како фитнес, јога, пилатес, кошарка, мини фудбал и групни тренинзи. Во вечерните часови се организира жива музика, претстави и гала вечери во амфитеатарот на хотелот, што обезбедува богата забава за сите возрасти.
Услуги и активности со доплата:
Со доплата се користат услугите за перење и пеглање алишта, лекар, спортови на вода, изнајмување автомобил, премиум пијалаци, фризерски салон, масажи и третмани во SPA центарот. Хотелот располага и со конференциски сали за состаноци и настани.