Локација: Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој, на 5 км од Сиде и 60 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотел Kirman Calyptus Resort & Spa 5* располага со вкупно 420 соби. Секоја соба располага со бања со туш кабина, фен, бањарка, папучи, клима која работи во одредени часови според временските услови, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чоколади, чипс се надополнуваат секојдневно), чајник, сет за кафе и чај, сеф, САТ ТВ со музички канали, WI-FI интернет (помала брзина), балкон.
Хотелски содржини: Ultra All Inclusive на база на отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина наутро и попладне, детско бифе и бебешко катче (со можност за самостојно подготвување оброци за бебиња) , шведска маса со диетална и безглутенска храна, сладолед во текот на попладневните часови, A'la Carte ресторани (турски и медитерански) со претходна резервација - еднаш за време на вашиот престој во некој од рестораните.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг, одбојка на плажа, забавна програма во текот на денот, натпревари на базен и плажа, вечерни шоу програми, мини клуб за деца (4-12 години), со различни активности и програми.
Плажа: Песочнo – камчестата плажа на хотелот е на 450 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни. Шатл-автобусот до плажата е бесплатен. Павилјоните на плажа со претходна резервација се наплаќаат.