Локација: Хотелoт се наоѓа покрај морето. Оддалечен е 90 километри од аеродромот во Анталија и 33 километри од Аланија. Изграден е во 2007 година и е реновиран во 2014 година . Зафаќа површина од 10.000 м2.
Сместување: Хотелот има главна зграда од пет ката со 248 соби. Секоја соба е опремена со: клима уред, ТВ, телефон, мини бар , сеф (со доплата) балкон или тераса, безжичен интернет со доплата.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан и 3 А’la carte ресторани, диетално и вегетаријанско мени, 8 барови, конференциска сала (до 120 лица), надворешен базен, 3 тобогани, затворен базен, турска бања, сауна, аеробик, зумба, пикадо, тенис, тениско игралиште, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, музика во живо, детски базен, детско игралиште, детско мени, детски ресторан, 2 детски клуба (мини 4-12 и тинејџери од 13-18 години). Со доплата се следните услуги: фризер, лекар, дадилка, масажа, спа центар, билјард, куглање, интернет кафе, видео игри, спортови на вода, изнајмување опрема за тенис, осветлување тениски терени, алишта и хемиско чистење.
Плажа: Хотелот има сопствена, песочна плажа каде лежалките, чадорите за сонце, пешкирите за плажа и душеците се бесплатни за гостите на хотелот.