Локација: Хотелот се наоѓа во Аланија спроти познатата плажа Клеопатра. Се наоѓа на 1 км од центарот на Аланија и 118 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има 58 соби. Сите соби се опремени со бања со туш, фен, сплит клима, директен телефон, мини бар (доплата), сеф (се доплаќа), ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан базиран на отворено бифе, бар на базен. Услуги со доплата се: лекарска услуга, перење, телефон, факс, интернет, изнајмување автомобил, продавници, Wi-Fi интернет само во фоајето бесплатно.
Хотелот има отворен базен за возрасни, со посебен дел за деца. Услуги со доплата се: турска бања, сауна, масажа, пинг-понг, спортови на вода, компјутерски игри, билијард.
Плажа: Песочната плажа на Клеопатра со лежалки и чадори за сонце се плаќа на 50 метри (помеѓу хотелот Клеопатра Син Хаваи 3 * и плажата е улица). Лежалки и чадори за сонце покрај базен се бесплатни. Пешкири за на плажа не се достапни.