Локација: Хотелот е лоциран во областа Белек, 35км од аеродромот и 40км од центарот на Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 465. Стандардни соби 198 (една спална соба, купатило, макс.2+1 лица) во главната зграда, 173 стандардни соби во бунгалови (една спална соба, купатило,макс.2+1 лица), 12 фамилијарни соби во главната зграда и 79 фамилијарни соби во бунгаловите (45-55м², макс.2+2 лица), 3 Гранд суит соби со џакузи во главната зграда. Сите соби се со балкон или тераса, поглед на море или градина, купатило со туш, када и фен, централна клима, телефон, под со тепих, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет.
Содржини: Главен ресторан - шведска маса, A’la Carte ресторани La Cucuna (Италијански), Red Wok (Кинески), Sushida (Јапонски), Pasha (Турски), Мangal (скара), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс. Телефон, факс, интернет, шопинг центар, фризер, перална и хемиско чистење, доктор, чување деца, rent a car, телефон, факс и компјутерски игри се наплатуваат. WI-FI во хотелот и собите бесплатно.
Спорт и забава: Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта, пинг понг, стрелање, одбојка на плажа, кошарка, не моторни водени спортови не се наплатуваат. Опрема, осветлување на тениските игралишта и часови за тенис, масажа и СПА центар, моторни водени спортови, школа за нуркање дополнително се наплатува. Забавна програма со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца.
Плажа: Песочна хотелска плажа со пешкири, лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат. Приватните павиљони на плажа се со претходна резервација и дополнително се наплатуваат.