Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
LIMAK LARA DELUXE HOTEL & RESORT
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот е лоциран во областа Лара-Кунду, 15км од аеродромот во Анталија и 25 км од центарот на градот.
Сместување: Вкупен број на соби 441. Стандардни соби: 319 (32м²,една спална, едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби: 92 (65м², макс.2+2 лица, две соби одвоени со лизгачка врата), Јуниор суит: 11 со џакузи (45м²), 15 Суит соби со џакузи (70м²), 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со туш, када, фен, клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
Содржини: Zen-главен ресторан, A‘la Carte ресторани-La Cuccina (Италијанска кујна), Revan (Турска кујна), Gringos (Мексиканска кујна), Ресторан со далечноисточна кујна (Tai&Sushi ресторан), Snack ресторан покрај базенот, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, rent a car, шопинг центар се доплаќаат.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 9 лизгалици, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски игралишта, сквош, пинг понг, немоторни водени спортови. Масажа и SPA центар, часови по тенис и опрема, осветлување за тениските терени, моторни водени спортови, билијард, куглање, опрема за сквош, дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и навечер, мини и јуниор клуб со специјална програма и професионална екипа.
Плажа: Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљони на плажа со резервација и со доплата.
 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Директно во канцелариите на Аурора
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)

» Електронски (онлајн) преку веб страната на Аурора Турс.
» Електронско плаќање со платежни картичкии

» Банкарски трансфер на сметка на Аурора Турс.

» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

» Преку административна задршка од плата
» за компании, институции и синдикати со кои Аурора Турс има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 31.01.2023:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

» Резервација со уплата од само 50 еур !
- Износот на уплатата се однесува по лице.
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2023, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 50еур по лице е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2023, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Целосна уплата - користи 7% попуст!

За резервации направени со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7%

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или соласно инструкциите обиени од оранизаторот. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.