Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Lotus Bay Beach Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Лоциран e на своја приватна голема песочна плажа во познатиот залив Абу Сома, во близина на градот Сафага. Хургада е на 40-минутно возење од Lotus Bay Resort. Надвор од хотелот има населба со продавнички, аптека итн. Изграден на територија од 4.200 квадратни метри, хотелот распола со одлично одржани зелени градини и релаксирачки погледи кон Црвеното Море.

Сместување: Хотел Lotus Bay Resort има 224 собе. Секоја соба има купатило, фен, САТ ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар, балкон или тераса со поглед на градина, базен или на море. Климатизираните соби и апартмани се едноставно декорирани и соодветно опремени за хотел од оваа категорија. Тие имаат или балкон или тераса. Собите вклучуваат сателитска ТВ, минибар и бања со туш. Сите соби се неодамна освежени, додека Premium собите се целосно реновирани. Најпросторни се собите "Deluxe".
Во собите може да бидат сместени 2 возрасни + 2 деца или 3 возрасни + 1 дете со максимум 1 дополнителен лежај, што значи дека едно дете би требало да дели постоечки лежај.

Содржини: Хотелот нуди неколку ресторани, дневна забава, театар, спортови на вода и приватен центар за нуркање. Централно поставен е голем базен за возрасни и деца. Wi-Fi е достапен во хотелот. Ресортот има продавница, салон за убавина и спа центар кој нуди сауна и масажа. Активните гости можат да ја посетат теретаната, тениското игралиште или да играат сквош. Билијард и пикадо се исто така на располагање на гостите.

Плажа: Lotus Bay Resort располага со прекрасна песочна плажа од која во вода се влегува директно, лесно и постепено. Плимите и осеките не се изразени во овој дел, што го прави хотелот атрактивен за оние кои сакаат да пливаат во море.На гостите покрај базенот и на плажата им се достапни крпи, лежалки и чадори.