Локација: Lyra Resort & SPA 5* се наоѓа во регионот Kizilagac, Сиде. Од Манавгат е на 10 км и од аеродромот во Анталија 75 км.
Сместување: Хотел Lyra Resort & SPA 5* има 485 соби во главната зграда. Секоја соба на хотелот располага со: бања со туш кабина, фен, папучи, централна клима во главната зграда, клима во светлосните простории, директна телефонска линија, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пивото се дополнуваат секојдневно), сет за правење чај и кафе, САТ ТВ и музички канали, балкон и тераса. Wi-Fi интернетот е бесплатен.
Хотелски содржини: Главниот ресторан базиран на отворенa шведска маса, A'la Carte ресторани (турски, италијански, рибен, кујна од Далечниот Исток), барови во хотелскиот комплекс.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалки, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, тениско игралиште, одбојка на плажа, кошарка, пинг-понг, мини фудбал, забавна програма во текот на денот, вечерна шоу програма, мини клуб за деца (4-12), игралиште, мини диско навечер.
Плажа: Приватната плажа на хотелот е песочна. Лежалки, чадори, душеци и пешкири за плажа се бесплатни. Павилјони на плажа се достапни со претходна резервација и доплата.