Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Marhaba Royal Salem
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Се наоѓа во Сус, на оддалеченост од 3 километри од Медина. Тоа е околу 22 километри од аеродромот во Монастир и околу 145 километри од аеродромот во Тунис.
Соби: Хотелот е отворен во 1996 година, а последен пат е реновиран во 2007 година. Има главна и две анекс згради и вкупно 316 соби со поглед на градина, базен или плажа. Сите соби имаат мини бар, сателитска ТВ, клима, телефон, фен и бања со посебен тоалет.
Хотелски содржини: Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера во главниот ресторан. Концептот вклучува доцен појадок и чај и колачи во Снек барот, разни закуски во барот на плажа и à la carte вечера еднаш неделно. Локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци се достапни од 9 часот наутро до полноќ во неколку барови: Бар салон, мавриско кафе и Absolut Bar Salem, кои се отворени во текот на целата година. Во текот на сезоната, на гостите им се достапни и снек бар La Pergola, бар на базен Oxygen Salem, Sol y Sombra beach bar и The Box lounge bar.
Хотелот располага со паркинг, бројни продавници и две конференциски сали. Лекарските услуги се достапни на барање.
Има неколку базени од кои едниот е со солена вода и тобоган, еден детски базен, два надворешни и еден внатрешен базен. На гостите им се достапни бројни спортски активности, како што се пинг-понг, одбојка на плажа, аква аеробик, ватерполо, немоторизирани спортови на вода, тенис (потребна е претходна резервација на рецепција). Бесплатен Wi-Fi интернет е достапен низ целиот хотел.
Плажа: Хотелот се наоѓа на сопствена плажа. Лежалки и чадори се достапни бесплатно, додека за пешкири за плажа и базен се бара депозит.