Локација: Хотелот се наоѓа во областа Белдиби, 45 км од аеродромот во Анталија и 20 км од центарот на Кемер.
Сместување: Хотелот е реновиран во 2019 година. Располага со 121 соба. Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар, сеф (се наплаќа), сателитска телевизија со музички канали и балкон.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, бар во лоби и бар покрај базен. Посебно се наплаќаат услугите за доктор, телефон, факс, интернет, шопинг центар, рентање на коли.Отворени и затворени базени за возрасни и деца, турско купатило, сауна, одбојка на плажа. Посебно се наплаќаат спортови на вода и масажа.
Плажа: Хотелска приватна плажа, мешавина од камчиња и песок, лежалките, чадорите и пешкирите се бесплатни за гостите на хотелот.