Локација:
Melissi Beach е модерен хотел сместен директно на убава песочна плажа, на околу 1 km од центарот на Аја Напа. Во непосредна близина има ресторани, барови и продавници, а познатите атракции како Манастирот во Аја Напа, Thalassa музејот и плоштадот се на околу 1 km. Автобуска станица има веднаш до хотелот, а аеродромот во Ларнака е оддалечен околу 58 km.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 187 модерно уредени соби со балкон или тераса. Сите соби имаат клима уред (сезонски), бесплатен интернет, ТВ, сеф (со доплата), минибар (со доплата), чајник, уредена бања и сервис за чистење. Одделни категории нудат страничен или директен поглед на море, а Executive собите имаат џакузи и дополнителни погодности.
Хотелски содржини:
Гостите имаат на располагање рецепција 24/7, лоби бар, два лифта, Wi-Fi, менувачница и бесплатен паркинг. Во состав на хотелот се наоѓаат два ресторани, барови, сервис за перење (со доплата), рум сервис (со доплата) и консиерж. Во надворешниот дел се наоѓаат два базени со детски дел, а лежалките и чадорите се бесплатни.
Спорт и забава:
Хотелот нуди тенис, билијард (со доплата), пинг-понг, фитнес, аеробик и одбојка на песок. Во близина (околу 50 m) има понуда на водени спортови. СПА центарот нуди сауна, парна бања, хидромасажна када и масажи (со доплата). Организирана е вечерна програма со музика и анимација. За децата има мини клуб (4–11 години), програмска анимација и детско игралиште.
Исхрана:
Хотелот нуди појадок на шведска маса. Во All Inclusive концептот се вклучени појадок, ручек и вечера во одбрани ресторани, како и локални пијалоци, кафе, чај, закуски во одредени термини, касно појадок и едно користење на a-la-carte ресторан. Wi-Fi е бесплатен.
Напомени:
Лежалките и чадорите на базен се бесплатни, додека на плажа се наплаќаат. Повеќето спортски активности и СПА услугите се со доплата. Клима уредот функционира сезонски (април–октомври). Програмата за деца и вечерната анимација се достапни од април до октомври.