Локација: Овој ресорт во бохо-шик стил нуди вистинско Египетско гостопримство и уникатен амбиент. Гостите можат да се релаксираат на приватна песочна плажа веднаш до самото Црвено Море. Хотелот се наоѓа во стариот дел на Хургада на 500м од центарот и 13км од аеродромот. Прв ресорт во Хургада кој е далеку познат по своите забави. MERAKI ќе ги долови боемските души во „all-in“ искуство. Ресорт со 4* но услуга вредна за 5 ѕвезди.
Соби: Хотелот располага со 270 соби кои се специјално дизајнирани и комбинираат Бохемски стил со атмосфера за пријатен престој. Сите соби имаат модерна бања со туш, сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, клима уред и балкон или тераса.За максимално уживање и доживување на самиот хотел препорачуваме сместување во некои од собите како Gypster или Merakilious.
Содржини: Хотелот е ексклузивен само за возрасни. Во рестораните и баровите во рамките на објектот можете да уживате во вкусни оброци и широк избор на пијалоци. Угостителската понуда ќе го задоволи вкусот на сите гости. Оброците се на шведска маса и се служат во главниот ресторан Munchery, а сместувачкиот објект има и 7 различни à-la-carte ресторани. Meraki Resort нуди 6 барови на различни локации и со различен амбиент, каде што можете да се опуштите со убави коктели на крајот од прекрасниот ден.
Спорт и забава: Два базени за пливање, лизгалки на вода, фитнес центар, активности на вода во базен, одбојка на плажа, ноќна одбојка, тениски игралишта (осветлување со доплата), пинг понг, билијард, јога и медитација, пилатес.Со доплата: спортови на вода, нуркање, аква центар, јахта, стаклени чамци.. Се организираат секој ден многубројни забавни програми, жива музика, DJ забави, театар на плажа, амфитеатар и уште многу други активности.
Плажа: Мераки се наоѓа во срцето на Хургада со најголемата плажа на Црвеното Море (2,6 км).