Локација: Хотел Mina Mark Resort & Spa се наоѓа во срцето на Сакала, стариот центар на Хургада со многубројни продавници и ресторани и претставува еден од најубавите хотели сместени во овој дел. Од популарната Марина е оддалечен 1 км и 10 км од аеродромот.
Соби: Хотел Mina Mark Resort вклучува централна зграда (рецепција и помал број соби) и 2 згради со соби помеѓу базенот и плажата. Има 298 соби. Хотелот нуди клубски, стандардни и супериорни соби. Сите имаат бања, фен, ТВ, телефон, wi-fi (се доплаќа), сеф, клима и мини бар (се доплаќа). Клуб собите имаат само прозорец со поглед на улица (без тераса), додека стандардните и супериорните соби имаат тераса, веранда или француски балкон (прозорец од подот до таванот).
Хотелски содржини: Хотелот располага со 2 главни ресторани (Water Blue i Sunshine) во кои се служат специјалитет од интернационална кујна и 3 A la carte ресторани, со Лебанска, Италијанска и морска храна. Има бар во лобито и покрај базен, сервис за перење, интернет центар, продавници, менувачница и фризерски салон.
Спорт и забава: Спортските содржини на Mina Mark Resort & Spa вклучуваат 2 надворешни базени (еден се загрева во зима), теретана, пинг-понг, пикадо, билијард, одбојка на плажа и фудбал, центар за нуркање, како и бројни спортови на вода. Хотелот има и аква парк со 4 тобогани за деца и 3 тобогани за возрасни. За најмладите има 2 детски базени со лизгалка, игралиште и детски клуб со професионални аниматори. Велнес центарот на хотелот нуди сауна, парна и турска бања, џакузи, фризерски салон и салон за убавина, како и различни видови масажи.
Плажа: Хотелот располага со сопствена песочна плажа со понтон. Еден дел од плажата е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а другиот дел е убаво пливачко место со постепено навлегување во длабочините. Има своја приватна марина.