Локација : Хотелот е лоциран во регионот Лара, на 12 км од аеродромот во Анталија и на 11 км од центарот на градот.
Сместување: Хотелот има вкупно 692 соби. Сите соби се опремени со балкон, купатило со када,
фен, клима , телефон, сеф, мини бар (секојдневно се дополнува со вода,
безалкохолни пијалоци, пиво, грисини и чоколадо), интернет конекција,
сателитска ТВ и музички канали.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан Turkuaz, A’la Сarte ресторани Miracolo (Италијанска кујна), Anatolia (Турска кујна), Lagos (рибен ресторан), Mexican (Мексиканска кујна), Lobby Bar, бар покрај базенот, бар на плажа. Услуга на доктор, перална, чување деца, internet café, телефон, факс, компјутерски игри, шопинг центар, интернетот во собите се наплаќа дополнително.
Спорт и забава: Хотелот има О=отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар,Турска бања, сауна, соба со пареа, аеробик, сала за гимнастика, фудбал, мал фудбал, фудбал на плажа, мини голф, одбојка на плажа, кошарка, 4 тениски терени, пинг понг, шах, пикадо. Опрема за тенис, осветлување и часови по тенис, билијард, солариум, масажа, SPA центарот и салонот за убавина, интернет и компјутерски игри, спортови на вода, дополнително се наплаќаат. Забавна програма за возрасни и деца во текот на денот, затворен театар, Турска вечер, паб, отворено диско, кино, мини клуб за деца од 4-14 год и јуниор клуб.
Плажа: Хотелска песочна плажа, чадори за сонце, лежалки и пешкири
не се наплаќаат.