Локација: Хотелот Монте Карло Аланија се наоѓа во Аланија, Оба, на околу 70 метри од градската плажа, околу 1 км од центарот на Аланија, околу 135 км од центарот на Анталија и околу 125 км од аеродромот во Анталија. Хотел Монте Карло Аланија е изграден во 1994 година и целосно реновиран во 2011 годинa.
Сместување: Вкупен број на соби 120.
Стандардни соби (16м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица),
Фамилијарни соби (28м², една голема соба со француски кревет+2 единечни кревети, макс.2+2 лица).
Сите соби се со купатило со туш и када, фен, клима сплит систем, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (само вода при пристигнување), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга Сé вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне чај, кафе, сите локални алкохолни пијалоци (ракија, џин, водка, вино, пиво) и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.30 часот. Дополнително се наплаќаат-увозни пијалоци, флаширани пијалоци, сладолед, сите пијалоци и храна по 23.30ч., свежо цедени сокови, храна и пијалоци на плажа (освен вода, кафе, чај и густи овошни сокови).
Содржини: Хотелот има полуолимписки надворешен и детски базен со тобогани, ТВ соба, пинг-понг, пикадо, одбојка на плажа, музика во живо, анимации и програми, Wi-Fi интернет во фоајето (со ограничена брзина и број на корисници). За деца има мини клуб, детски базен и игралиште.
Се плаќа: храна и пијалоци на плажа, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, премиум пијалоци, флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед, турско кафе и други неконцептни артикли, Телефон, сеф, услуга во соба Турска Бања, сауна, масажи, пилинг, Спа центарот, спортови на вода, копјутерски игри, сервис за перење и пеглање и сл.
Плажа: Хотелот Монте Карло Аланија има сопствен дел од песочна плажа со камчиња на 70 метри од хотелот, преку улицата, каде што има подземен премин. Чадорите, лежалките и душеците се бесплатни. Се доплаќа целата храна и пијалоци во барот на плажа освен чај, кафе и сок.
Спорт и забава: Отворен базен за возрасни и деца, тобогани, пинг понг и одбојка. Дополнително се наплаќаат-сауна, Турска бања, масажа, билјард, спортови на вода. Мини клуб за деца од 04-12 год.