Локација: Хотелот се наоѓа во близина на центарот на Банско на околу 600 м од почетната станица на гондолата.
Сместување: Хотелот располага со студија и апартмани, студијата се опремени со француски лежај или два нормални кревети и фотеља на развлекување, кујна, сателитска ТВ, купатило. Апартманите за 2+2 има спална соба со француски лежај или два нормални кревети, дневна соба со софа на развлекување, сателитска ТВ, кујна, купатило. Апартманите за 4+2 се опремени со две спални соби со француски лежај или два нормални кревети и дневна соба со софа на развлекување, кујна, сателитска ТВ и купатило.
Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има: Рецепција, ресторан, лоби бар, фитнес центар, соба за масажа, џакузи, сауна, парно купатило, ски соба, бесплатен интернет на рецепција, паркинг ( со доплата ), бесплатен трансфер до гондола.