Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Murite Club
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Murite Club Hotel е луксузен хотелски комплекс со четири ѕвезди во областа Разлог, на 10 км од градот Банско. Иако на прв поглед е дислоциран од скијачката зона, обезбеден е бесплатен превоз до гондолата и назад, а супериорната услуга, комфорните сместувачки единици и пријателскиот персонал ги поттикнуваат клиентите да се вратат во овој хотел. Во 2012 година хотелот ја освои титулата најдобар планински хотел во Бугарија.


Сместување: Murite Club Hotel е хотелски комплекс кој изграден во 2008 година и се состои од 3 тематски згради, кои ги добиле имињата по егзотични цвеќиња - Azalia, Camelia и Orchidea, и има 193 апартмани, а секој апартман има комплетно опремена кујна, телефон, сателитска ТВ, сеф, бања со када или туш и балкон.
Зградата „AZALIA“ е централна зграда и покрај 96 модерно опремени студија и апартмани, вклучува и: рецепција, ресторан, лоби бар со камин, детска игротека, Спа центар / отворен и внатрешен базен, фитнес центар, сауна, џакузи , парна бања, турска и Клеопатра бања, спа капсула, масажа/, продавница, ноќен бар, соба за игри, конференциска сала.Објектот „Орхидеа“ и „Камелија“ се состои од 130 комфорни и модерно опремени студија и апартмани.


Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има ресторан, лоби бар со камин, детска игротека, Спа центар, надворешен и внатрешен базен, фитнес центар, сауна, џакузи, парна бања, турска и клеопатра бања, спа капсула, масажи, продавница, ноќен бар, игротека, конференциска сала, превоз до гондола.
 

Забелешки

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Сместување во хотел според резервираниот термин, потврдениот тип на соба, на база  избраната услуга.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» Осигурување од отказ на потврден аранжман или од прекин на започнат аранжман.

» туристички таккси и други доплати, освен ако не се наведени во договорот.

 

Повеќето хотели имаат задолжителна доплата за свечена вечера (25.12 и 31.12).

Секој отказ на резервиран и потврден престој во хотел во празничен период (20.12.2023 - 05.01.2024), направен на 30 или помалку дена пред термин ќе биде наплатен во целосен износ. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

Програма

БАНСКО ЗИМА – Индивидуална програма

 

1.ден

Пристигнување во хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто по 14:00 часот).


Денови од престој

Престој во избраниот хотел на база на резервирната услуга и број на ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

 

Последен ден
Појадок (за гостите кои имаат резервација на база ноќевање со појадок или полу пансион). Одјавување и напуштање на собите претпладне согласно хотелските правила, најчесто окулу 10:00 часот. Продолжено задржување на собите - "Late Check Out" ба барање може да се обезбеди со доплата на лице место (рецепција).