Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Natur Garden
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во заливот Bitez, на 6км од центарот на Бодрум и 45км од аеродрмот. Отворен е во 1990 година, а последен пат е реновиран во 2016 година.

Соби: Хотелот е составен од троспратна главна зграда и анекс дел на еден спрат. Располага со 89 соби. Сите соби имаат клима уред, wi-fi, ТВ со сателитска телевизија, мини бар (празен), фен, балкон или тераса.

Содржини: Хотелот има главен ресторан, бар, снек бар, отворен базен и ТВ сала.

Спорт и забава: Гостите можат да го користат фитнес центарот, сауната, теренот за кошарка и мал фудбал, детското игралиште, пинг понг и пикадо.

Плажа: Хотелот е на 100м од градската песочно-камчеста плажа. Лежалки и чадорите за сонце на плажата се бесплатни со нарачана храна или пијалок. 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Бодрум – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром.

» Локална асистенција.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
 

» Директно во канцелариите на Аурора
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)

» Електронски (онлајн) преку веб страната на Аурора Турс.
» Електронско плаќање со платежни картичкии

» Банкарски трансфер на сметка на Аурора Турс.

» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

» Преку административна задршка од плата
» за компании, институции и синдикати со кои Аурора Турс има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 31.01.2023:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

 

» Резервација со уплата од само 50 еур !
- Износот на уплатата се однесува по лице.
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2023, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 50еур по лице е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2023, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

 

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

 

» Целосна уплата - користи 7% попуст!

За резервации направени со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7%
 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ

Пристигнување и пријавување на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или согласно претходно договорено време. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во овој дел од Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Бодрум, Мармарис или другите туристички места во тој регион, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот.

Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.