Локација:
Хотел Nestor во Аја Напа е модерно уреден и пријатен хотел. Се наоѓа во срцето на живиот град Аја Напа, блиску до главната улица и на само кратко пешачко растојание од песочната плажа Grecian Bay. Марината со чамци и шеталиште се на 250 м од хотелот Нестор. Постојат бројни ресторани, барови и продавници непосредно до хотелот, а бо близина се и познатите локални атракции, како Thalassa Museum (300 m), Ayia Napa Monastery (800 m), WaterWorld (4 km) и Cavo Greco (2 km). Такси и автобуска станица има на околу 100 m. Аеродромот Ларнака е оддалечен околу 58 km.
Соби и сместување:
Хотелот располага со 206 модерно уредени соби со клима, сателитска ТВ, чајник, бесплатен Wi-Fi, балкон и бања со туш. Пешкирите се менуваат секојдневно, постелнината двапати неделно. Се нудат различни категории на соби, меѓу кои:
– Superior Room – 21 m², со можност за дополнително легло; достапни со страничен поглед на море или кон базен/море.
– Superior Family Room – пространи 27 m², идеални за семејства.
– Deluxe Room – 21 m², со страничен поглед на море и додадена кафе машина.
– Deluxe Junior Suite – 30 m², со директен поглед на море, балкон и дополнителни удобности.
Хотелски содржини:
Хотелот нуди 24-часовна рецепција, лоби со бар, два лифта, бесплатен паркинг и услуга за размена на пари. Wi-Fi е бесплатен во целиот објект. Достапни се room service и concierge (бесплатно), а перење и пеглање се со доплата. Хотелот е приспособен за гости со ограничена подвижност.
Спорт и забава:
На располагање е надворешен базен со посебен детски дел, со бесплатни лежалки и чадори. Во понудата се фитнес, тенис, пинг-понг и билјард (дел со доплата). На околу 200 m има спортови на вода. Хотелот располага со сауна (бесплатно), додека масажи и џакузи се со доплата. Постојат дневни активности, вечерна забава и музика во живо. За деца има игралиште и детска програма, како и babysitting услуга (со доплата).
Исхрана:
Појадокот се служи на богат буфет. Гостите можат да изберат полу пансион, полн пансион или all inclusive програма. All inclusive вклучува оброци во одбрани ресторани, пијалоци во определени термини (безалкохолни, кафе/чај, пиво, вино, коктели, локален алкохол), како и мали закуски попладне.
Напомени:
Некои услуги зависат од сезоната или се достапни со доплата. Хотелот е на одлична локација – близу центарот, пристаништето и познатата Grecian Bay плажа – со многу активности и добра понуда за семејства и парови.