Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
NissiBlu Beach Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација:
NissiBlu Beach Resort е елитен хотелски комплекс кој се наоѓа на чекори од познатата плажа со бел и мек песок - Nissi Beach, каде лежалки и чадори се достапни со доплата. Туристичкиот центар е на 500 m, а најблиските продавници, барови и ресторани се на 200–500 m од хотелот. Во околината се наоѓаат Cape Greco National Park (10 km), Ayia Napa Monastery и Harbour (3 km), Sculpture Park (5 km) и Water World Waterpark (5 km). До хотелот има такси станица и автобуска постојка. Аеродромот во Ларнака е на окулу 60 km.

Соби и сместување:
Хотелот располага со 300 модерни и стилски уредени соби, делумно реновирани во 2024 година. Сите соби се климатизирани (мај–октомври), со балкон или тераса, телевизор, бесплатен Wi-Fi, електричен кетлер и сеф без доплата. Понудата вклучува superior и deluxe соби од 25 m² со страничен или директен поглед на море, пространи superior family соби, како и junior и executive suites со поглед кон морето. Пешкирите се менуваат секојдневно.

Хотелски содржини:
Гостите имаат пристап до 24-часовна рецепција, лоби бар, четири лифтови, мини маркет и повеќе продавници, како и фризерски салон. Во рамките на комплексот има три ресторани, snack бар и четири барови. Достапни се бесплатен Wi-Fi, бесплатен паркинг, мењачница, како и услуги на консиерж. Хотелот е адаптиран за лица со ограничена подвижност со соодветни влезови, лифтови и санитарии. Room service и перална се достапни со доплата.

Спорт и забава:
Во надворешниот дел се наоѓа голем базен со детски дел и бесплатно употреба на лежалки и чадори. Во близина има водени спортови управувани од локални провајдери. Хотелот располага со фитнес центар, тениски терен, билијард (со доплата), пинг-понг и програми за јога и пилатес. Во понудата има велнес содржини како сауна, парна бања, џакузи, спа третмани и хамам (дел од содржините со доплата). Организирани се активности со жива музика и забавна програма. За децата има мини клуб (4–12 години), активности во текот на денот и gaming room.

Исхрана:
Појадокот се служи на шведска маса. Опцијата со Полу пансион опфаќа уште еден оброк (вечера), додека полниот пансион уште 2 оброци (појадок и вечера). Во "ПЛУС" опциите (Half Board Plus и Full Board Plus) се вклучени и селектирани пијалоци за време на оброците. All Inclusive нуди три главни оброци во одбрани ресторани или барови, како и вода, безалкохолни пијалаци, кафе, чај, пиво, вино, коктели и одбрани увозни пијалаци во утврдени термини. Во пакетот се вклучени и закуски, десерти, еден оброк во а-ла-карт ресторан, бесплатен минибар (ограничен) и welcome drink. Можно е порано пријавување и подоцна одјавување во зависност од пополнетоста.

Напомени:
Одредени активности и содржини се сезонски или со доплата. Хотелот е еден од најдобрите на Nissi Beach, комбинирајќи луксузно сместување, богати содржини и одлична позиција погодна за парови, фамилии и гости кои бараат висок квалитет на престој.: Плажата се наоѓа на 200 m од хотелот, лежалките и чадорите се доплаќаат.