Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
One Resort Jockey Monastir Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: One Resort Jockey е модерен, реновиран хотел со аква парк во хотелскиот регион Сканес-Монастир. Се наоѓа во прекрасна градина со цвеќиња и зеленило, на 2 км од аеродромот во Монастир, 10 км од центарот на Монастир, 14 км од Сус, 167 км од аеродромот во Тунис.
Соби: Сите соби се опремени со клима уред, сателитска ТВ, сеф, мини бар, бања, фен, балкон или тераса.
Содржни: Хотелот е сместен во градина со зеленило од 250.000 м2, се состои од две хотелски згради, главен ресторан, два a la carte ресторани, пет барови, неколку експрес и снек ресторани во различни делови на комплексот, како и осум барови.Хотелот располага со три отворени базени со детски дел, аква парк со 9 лизгалки, детски клуб, менувачница на рецепција, спа центар, безжичен интернет.
Спорт и забава: Покрај аква паркот, за љубителите на активен одмор хотелот нуди 4 тениски игралишта и голф.
Плажа: Хотелот излегува на прекрасна плажа со бел песок.

Забелешки

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.

» Аеродромски такси и сигурносни такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром.

» Локална асистенција и услуги на претставници на организаторот и локалниот тур оператор.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Оброк / пијалок во авион за време на летот. 

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» туристички таккси - се плаќаат на рецепција во хотелите (2 TND за хотели со 3*, односно 3 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3 TND) 

 » Рано пријавување (Early Check Inn) или касно одјавување на собите (Late Check Out) - предмет на расположливост со можност за доплата на услугите на лице место во договор со одговорни лица на рецепција.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Директно во нашите канцеларии
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)
» Електронски (онлајн) преку веб страна.
 » Електронско плаќање со платежни картички, брзо и безбедно.
» Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки.
 » НЛБ, Халк, Стопанска, Комерцијална
» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти).
» Преку административна задршка од плата.
» за компании, институции и синдикати со кои агенцијата има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

 

 EARLY BOOKING АКЦИИ  за резерваци направени до 31.01.2024:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!  

 

АКЦИЈА 1Резервација со вкупна уплата од само 100 еур ! 
» Износот на уплатата се однесува по резервација (соба);
» 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2024, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;
» Авансот од 100еур по резервација е нерефундабилен, но во случај на промена/отказ најдоцна до 30дена пред датумот на патување, износот може да се пренамени за друго патување од нашата летна чартер понуда;

 

АКЦИЈА 2: Резервација со 30% депозит - 5% попуст!

» За уплата при резервација од најмалку 30% од вкупниот износ - се одобрува дополнителен попуст од 5% ;
» Доплата на целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;

 

 

* ПАТНИ ИСПРАВИ - Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на престојот во Тунис, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Тунис. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк. Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " 

 

Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Организатор на аранжманот е Аурора Турс.


ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА
 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - МОНАСТИР (Тунис)

Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување или согласно претходно најавено време и пријавување на шалтери за чекирање багаж. Директен лет кон аеродромот "Habib Bourguiba International Airport" лоциран во Монастир, во раните утрински часови согласно поставеното време на лет. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Тунис и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).

 

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел покрај прекрасните песочни плажи на Медитеранскиот Брег во некој од туристичките региони Хамамет, Сус, Монасти или Махдија, согласно бројот на резервираните ноќевања ( 6, 9, 10 или 13 ноќи / 7, 10, 11 или 14 дена) во зависност од аранжманот и терминот. Информативен состанок со нашите локални претставници(српски јазик) и можност за бројни факултативни излети, меѓу кои би ги издвоиле:
1. Целодневна тура - Тунис, Картагина, Сиди Бу Саид;
2. Дводневна тура ни пустински Тунис со спиење во Сахара - џип сафари, камили, оази, римски амфитеатар, Керуан, итн...

 

Последен ден | МОНАСТИР (Тунис) - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Монастир во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден) или согласно времето во кое е поставен летот. Крај на услугите.