Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Ores Boutique Hotel
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Ores Boutique Hotel е нов хотел во Банско, кој се наоѓа на околу 300 метри од станицата за ски-лифт и околу 1,5 км од центарот на градот. Хотелот се карактеризира со модерен стил и на своите гости им нуди висок квалитет на услуга со уникатно чувство на пријатна атмосфера.


Сместување:  Хотелот располага со 18 соби и 36 апартмани. Сите соби и апартмани се модерно опремени и се карактеризираат со смели бои и индивидуален стил. Сите стандардни соби имаат: два поединечни кревети, сите еднособни апартмани имаат: спална соба со француски или два единечни кревети и дневна соба со еден или два дополнителни кревети, сите двособни апартмани имаат: 2 спални со француски или два единечни кревети и дневна соба со еден или два дополнителни кревети. Опремени се со: LCD телевизор, телефон, клима, сеф, Wi-Fi интернет, мини бар, бања со када или туш, фен за коса. Во сите соби креветите имаат душеци од висока класа „Коко-Мат“, целосно од природни материјали, додека за целосен и мирен сон на гостите хотелот нуди и специјално мени за перници. Некои апартмани имаат поглед на планина. Сите апартмани може да имаат двосед, софа или фотелја на развлекување како дополнителен кревет.


Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има: рецепција, ресторан, a la carte ресторан, лоби бар, бар покрај базен, менувачница, Wi-Fi интернет, паркинг (со доплата, до пополнување на местото), модерно опремена конференциска сала со придружна опрема, ски депо , велнес центар ( базен, сауна, арома сауна, парна бања, соба за релаксација), електронски игри, детска игротека.
 

Забелешки

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Сместување во хотел според резервираниот термин, потврдениот тип на соба, на база  избраната услуга.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» Осигурување од отказ на потврден аранжман или од прекин на започнат аранжман.

» туристички таккси и други доплати, освен ако не се наведени во договорот.

 

Повеќето хотели имаат задолжителна доплата за свечена вечера (25.12 и 31.12).

Секој отказ на резервиран и потврден престој во хотел во празничен период (20.12.2023 - 05.01.2024), направен на 30 или помалку дена пред термин ќе биде наплатен во целосен износ. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

Програма

БАНСКО ЗИМА – Индивидуална програма

 

1.ден

Пристигнување во хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто по 14:00 часот).


Денови од престој

Престој во избраниот хотел на база на резервирната услуга и број на ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

 

Последен ден
Појадок (за гостите кои имаат резервација на база ноќевање со појадок или полу пансион). Одјавување и напуштање на собите претпладне согласно хотелските правила, најчесто окулу 10:00 часот. Продолжено задржување на собите - "Late Check Out" ба барање може да се обезбеди со доплата на лице место (рецепција).