Локација: Хотелот се наоѓа во срцето на ски-центарот Пампорово. Оддалечен е 800 метри од најблиската патека до која има трансфер со минибус.
Соби: Има вкупно 98 стандардни соби и 7 апартмани. Сите соби и апартмани имаат бања (туш / тоалет), фен, сателитска ТВ, телефон, мини бар, сеф и балкон со планински погледи. Семејните соби се состојат од 2 стандардни простории кои се поврзани со врата, додека апартманите имаат посебна спална и дневна соба.
Хотелски содржини: Хотелот има лоби и Скај бар во прилог на главниот ресторан. Wi-Fi е достапно низ целиот хотел. Гостите имаат на располагање СПА центар кој вклучува: базен, фитнес центар, сауна, солариум, џакузи и простории за масажа. Хотелот располага со гаража, паркинг и просторија за ски опрема.
Цената вклучува: Употреба на базен, сауна, парна бања, фитнес центар, паркинг и трансфер до гондолата.