Локација: Овој луксузен хотел се наоѓа во Сома Беј, 40 км одалеченост од аеродромот и 45 км од Хургада.
Соби: Хотел Palm Royal Resort Soma Bay располага со 445 (384 супериорни) соби, опремени со бања, фен, ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар, балкон или тераса. Супериорните соби се со големина од 45 м2, а семејните соби се околу 65 м2 (две поврзани спални соби).
Содржини: Хотелот е опкружен со зеленило и палми. Рекреативниот центар се наоѓа во главната зграда на хотелот. Има две тениски игралишта, теретана, два базени, детски клуб терени за голф во близина. Покрај главнинот ресторан има 3 а ла карт ресторани кои служат Грчка, Италијанска и Либанска кујна.
Спорт и забава: Хотелот нуди спортски активности од типот на мини голф, нуркање, водни спортови, сурфање на ветер, кајак, пинг понг, билијард, тенис, јавање коњи. Во близината на хотелот (3км одалеченост) се наоѓа и голф терен.
Плажа: Хотелот има сопствена песочна плажа долга 1200м. Зафаќа површина од 70.000 м2, опкружена со палми и уредена цветна градина. Гостите на хотелот можат да користат лежалки, чадори и пешкири бесплатно, покрај базен или на плажа.