Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Platinum Hotel & Casino
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Hotel Platinum Hotel & Casino се наоѓа на околу 700 метри од ски-лифтот и на околу 1300 метри од центарот на градот Банско. Поранешниот хотел Перун сега е целосно реновиран во Хотел Платинум и Казино и е едно од најпрестижните места за одмор во оваа скијачката област. Хотелот е погоден за сите видови патувања, од романтични викенди, службени патувања, до уживање за сите љубители на зимската магија.

Сместување: Хотелот располага со 133 модерно уредени соби. Сите економични, стандардни и стандардни соби без балкон имаат: француски кревет или два единечни кревети и еден дополнителен кревет, Јуниор апартман располага со: француски кревет или два единечни кревети и еден или два дополнителни кревети, ТВ, телефон, сеф, мини бар, Wi-Fi интернет, сеф, бања, фен за коса. Некои соби имаат тераса. Сите соби и апартмани може да имаат софа, софа или фотелја на развлекување како дополнителен кревет. Економичните соби се соби со пониска цена од обичните, обично помала или слична квадратура и со сличен квалитет на стандардните, само во полоша положба во хотелот (пр. до лифт, над кујната).


Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има: рецепција, ресторан, a la carte ресторан, лоби бар, Wi-Fi интернет, менувачница, велнес центар ( базен, сауна, џакузи, парна бања ), салон за убавина, фитнес, ски депо, паркинг ( до пополнување ), детско игралиште, казино, перална. Хотелот има организиран трансфер до гондолата според распоредот на хотелот.
 

Забелешки

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Сместување во хотел според резервираниот термин, потврдениот тип на соба, на база  избраната услуга.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» Осигурување од отказ на потврден аранжман или од прекин на започнат аранжман.

» туристички таккси и други доплати, освен ако не се наведени во договорот.

 

Повеќето хотели имаат задолжителна доплата за свечена вечера (25.12 и 31.12).

Секој отказ на резервиран и потврден престој во хотел во празничен период (20.12.2023 - 05.01.2024), направен на 30 или помалку дена пред термин ќе биде наплатен во целосен износ. 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување

 

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.

Програма

БАНСКО ЗИМА – Индивидуална програма

 

1.ден

Пристигнување во хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто по 14:00 часот).


Денови од престој

Престој во избраниот хотел на база на резервирната услуга и број на ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

 

Последен ден
Појадок (за гостите кои имаат резервација на база ноќевање со појадок или полу пансион). Одјавување и напуштање на собите претпладне согласно хотелските правила, најчесто окулу 10:00 часот. Продолжено задржување на собите - "Late Check Out" ба барање може да се обезбеди со доплата на лице место (рецепција).