Локација: Хотелот Porto Bello се наоѓа на познатата плажа Коњалти во Анталија. Од центарот на градот е оддалечен 8 км, а од аеродромот во Анталија е оддалечен 20 км.
Сместување: Хотелот има вкупно 346 соби, кои се опремени со балкон, бања со туш, фен, централна климатизација во зависност од временските услови, директен телефон, сеф, мини бар (водата се надополнува секој ден), тепих, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi.
Содржини: Хотелот во својата понуда имаглавен ресторан, А ла Карт ресторани (италијански, рибен), барови низ хотелскиот комплекс.
Услуги со доплата се: продавници, фризер, услуга за перење и хемиско чистење, лекар, чување деца, услуга во соба, телефон, факс, компјутерски игри, изнајмување автомобил. Wi-Fi мрежата во хотелското лоби и собите е бесплатна. Хотелот има отворен и затворен базен, детски базен, слајд, тениски игралишта, пинг-понг, пикадо, фитнес центар, сауна, турска бања, одбојка на плажа, забавни програми во текот на денот и специјално вечерно шоу, мини клуб за деца на возраст од 4-12 години.
Услуги со доплата се: билијард, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, спортови на вода, масажа, СПА и велнес центар.
Плажа: Хотелот има приватен дел на познатата плажа Коњалти. До плажата се стигнува со тунел под патот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.