Локација:Овој луксузен и модерен хотел се наоѓа во заливот Sahl Hasheesh. Тој е 25 километри јужно од Хургада и 22 километри од аеродромот.
Соби: Постојат 367 модерни соби и апартмани кои обезбедуваат на гоститео целосен комфорт. Сите соби и апартмани имаат бања (туш / тоалет), фен, сателитска ТВ, интернет, телефон, клима уред, сеф, чај и кафемат, мини бар и балкон или тераса.
Содржини: Хотелот e ‘’Adults Only’’ и е ексклузивен за возрасни. Тој има главен ресторан, 5 a la carte ресторани кои служат специјалитети од италијански, јапонски, индиски, кинески кујна и морски ресторан. Неколку барови поставени во фоајето или од страна на базенот, продавници, фризерски салон, сушење на алишта и услуги на лекари.
Спорт и забава: Хотелот има 4 отворени базени, еден со морска вода, затворен базен, можност за разни спортови: пинг-понг, одбојка, билијард и пикадо. Гостите исто така може да имаат крпи, лежалки и чадори покрај базенот и на плажа. Има модерно опремен Спа центар со затворен базен, турска бања, сауни, фитнес, соби за масажа и разни третмани и џакузи.
Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа, каде што во еден дел се наоѓа коралниот гребен и се влегува во море преку понтон. Исто така постои и мала област каде што е можно влегување во вода од плажа.