Локација: Овој хотел е сместен на сама плажа во областа Сал Хашиш и е одалечен 30 км од центарот на Хургада и 25 км од аеродоромот. Левото (северното) крило на хотелот Pyramisa од 2023 година станува сопственост на луксузниот хотел "The Luxury V Resort" и дел од содржините на хотелот ќе припаднат на новиот хотел.
Соби: Располага со вкупно 851 соби, секоја опремена со купатило, фен, ТВ, мини бар, клима, сеф, балкон или тераса. Има стандардни и премиум соби кои се со иста квадратура, единствената разлика е што премиум собите се целосно реновирани во 2019 година, освен бањите кои останаа исти.
Содржини: Хотелот располага со главен ресторан, 3 A la carte ресторани во кои се служат специјалитети од интернационална кујна, 5 барови, дискотека, сервис за перење, интернет центар, продавници, менувачница и фризерски салон.
Спорт и забава: Хотелот располага со 2 надворешни базени и 2 детски базени со аква парк, пинг понг, билјард, разни спортови на вода, нуркачки центар, спа центар со сауна, парна бања, џакузи и простории за масажи и современа теретана. За најмалите гости хотелот располага со мини клуб и забавен парк на плажа, со анимации наменети посебно за нив.
Плажа: Хотелот се наоѓа во средина на природна убавина и веднаш до чисто песочни плажи. Пешкири, чадори и лежалки достапни за гостите на хотелот.