Локација: Хотелот е лоциран во областа Лара-Кунду, на 17км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот во Анталија.
Соби: Хотелот располага со вкупно 498 соби. Сите соби се опремени со купатило со туш кабини и фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода , безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
Содржини: Хотелот располага со главен ресторан , snack бар покрај базенот и на плажа, барови низ целиот хотелски комплекс, А’la Carte ресторани: Италијанска кујна, кујна од далечниот исток, Мексиканска кујна, ресторан за морска храна, Турска кујна, суши ресторан, Тапас ресторан.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк со 8 лизгалки, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, игралишта за кошарка, пинг понг, одбојка на плажа. Услуги на доктор, чување на деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, WI-FI конекција бесплатна во лоби и собите, компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Масажа, салон за убавина, Спа и Велнес центар, осветлување на тениските игралишта, куглање, билјард, сите водени спортови дополнително се наплаќаат. Забавни програми преку целиот ден, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, жива музика неколку пати во неделата. Мини клуб за деца и забавен парк за деца.
Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа со бесплатно користење на лежалки, пешкири и чадори за сонце.