Локација: Хотелот е лоциран во областа Евренсеки на 48 км од аеродромот во Анталија и 5 км од Сиде.
Сместување: Вкупниот број на соби во хотелот е 450. Собите се со страничен поглед кон море, поглед кон море и поглед кон градина.Сите соби се опремени со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво), сеф, ЛЦД ТВ со сателитски програми, балкон.
Содржини: Хотелот има главен ресторан на шведска маса, A’la Сarte ресторани – Gusto Della Note (Италијанска кујна), La Filika (морска храна), Agra (Далечноисточна и Индиска кујна), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет соба и компјутерски игри и изнајмување на кола се услуги кои дополнително се наплаќаат. Интернет конекцијата дополнително се наплаќа.
Спорт и забава: Отворени и затворени (затворени во лето) базени за возрасни и деца, аква парк со 9 водени тобогани, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениско игралиште, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Масажа, СПА и центар за убавина, осветлување на тениско игралиште, куглање, билјард и сите спортови на вода се услуги кои дополнително се наплаќаат.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа, лежалките, чадорите и пешкирите се бесплатни за гостите на хотелот.