Локација: Се наоѓа во Анталија, Лара на сопствена плажа, на околу 20 километри од стариот дел на Анталија и на околу 15 километри од аеродромот во Анталија.
Сместување: Royal Wings припаѓа на познатиот синџир хотели Stone Group, чија заедничка карактеристика е врвната услуга. Хотелот зафаќа површина од 72.000 m². Отворен е во 2005 година, а целосно реновиран во 2019 година. Има 457 соби (386 супериор соби, 4 за лица со посебни потреби, 26 јуниор апартмани, 39 семејни дуплекс соби и 2 кралски апартмани).
Хотелски содржини: Хотелот располага со главниот ресторан „Royal “, 6 à la carte ресторани (турски, италијански, далечен исток, медитерански, стек и риба), ресторан за снек, ресторан Royal бистро, слаткарница, 8 катчиња за храна и 10 барови (Sky Lobby, Aqua, Amphi, Pool, Beach, Shore Snack, Pianon Lobby, Giddy Disco, Bowling bar i Gossip).
Спорт и забава: Надворешен базен (3.197м2), голем и мал базен со лизгалки, 2 детски базени. Затворен базен за возрасни (172m²), детски базен (35m²).
Аква парк со 9 лизгалки, фитнес центар, пикадо, забавен парк, аеробик, гимнастика, ватерполо, стрелаштво, игри на базен, кошарка, одбојка на плажа, тенис во текот на денот (2 терени), пинг-понг, стрелаштво, Wi-Fi интернет во лоби (со ограничена брзина и број на корисници), кино, анимации и програми, музика во живо.
Плажа: Хотелот има своја песочна плажа со бар. Чадори, лежалки, душеци и пешкири се бесплатни (за пешкири за плажа се бара депозит).