Локација: Хотелот се наоѓа во Сиде, на околу 3 км од центарот на градот и на околу 7 км од Манавгат. Хотелот е на околу 64 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е отворен во 2021 година и има површина од 18 000 м2.
Сместување: Хотелот располага со 285 елегантни и модерно опремени соби. Сите соби имаат клима уред, балкон, сателитска ТВ, ЛЦД ТВ, телефон, туш / WC, фен, кетлер и сет за чај и кафе, сеф, мини бар. Стандардните луксузни соби имаат џакузи на терасата.
Содржини: Гостите имаат на располагање главен ресторан, 3 А la carte ресторани (турски, интернационален и италијански), неколку барови, слаткарница, Wi-Fi интернет низ хотелот .Хотелот располага со надворешен базен, детски базен, затворен базен, затворен детски базен, разни дневни програми (бинго, народни игри, разни натпревари), вечерна анимација, фитнес центар, аеробик, аеробик во вода, ватерполо, гимнастика, куглање, пикадо, тенис на маса. Со доплата се следните услуги: спортови на вода, масажа, пилинг, третмани за лице и тело.
Плажа: Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за на плажа гостите може да ги користат без дополнителни трошоци.