Локација: Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy 7 км од Манавгат, 4 км од Сиде и 67 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има вкупно 92 соби. Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, клима уред, телефон, мини бар (се доплаќа), сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, барови покрај базен и лоби бар. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуга за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI–FI интернетот во лоби е бесплатен.
Спорт и забава: Надворешен базен за возрасни и деца, лизгалки на вода, пинг понг.
Дополнително се доплаќа за спортови на вода, Турска бања, сауна, масажа.
Плажа: Градска песочно камчеста плажа оддалечена 300 метри од хотелот , со лежалки и чадори за сонце кои се доплаќаат. Лежалките и чадорите за сонце покрај базенот се бесплатни