Локација: Сместен е во Сиде, на околу 3 км од центарот на Сиде и на околу 7 км од Манавгат. Хотелот е на околу 64 км од аеродромот во Анталија Хотелот е отворен во мај 2017 година и зафаќа површина од 13.000 м2.
Сместување: Хотелот има 322 соби. Сите соби имаат клима уред, сателитска ТВ, балкон, фен, телефон, мини бар (секој ден се надополнува со вода, минерална вода, пиво и сокови), кетлер за кафе и чај и бања со туш.
Содржини: Гостите имаат на располагање главен ресторан, 3 А la carte ресторани (азиски, отомански и италијански), 5 барови - Lobby bar, Pool bar, Beach bar, Snack bar и Disco bar, слаткарница. Хотелот располага со 2 отворени базени, 1 затворен базен, теретана. Од спортските објекти, гостите имаат на располагање аеробик, пикадо, боч, гимнастика, пинг понг, зумба, одбојка на плажа, стрелаштво, билјард, ватерполо, дневни и вечерни анимации (бинго, фолклорни претстави и разни натпревари), Турска бања (амам), сауна, парна бања. Wi-Fi е достапен во скоро целиот хотелски комплекс. Со доплата се следните услуги: доктор, услуги за перење и пеглање, хемиско чистење, фризер, изнајмување автомобили, маркети, масажа, пилинг, третмани за лице и тело, спортови на вода
Плажа: Хотелот се наоѓа на околу 200 метри од неговата песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите за на плажа може да се користат со доплата.