Локација: Хотел Senza The Inn Resort & Spa се наоѓа на 15 километри од центарот на Аланија, во регионот Турклер. Од аеродромот во Анталија е на 100 километри.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 425 соби и се простира на површина од 14.100м2.
Стандардна соба располага со 322 соби со површина од 24м2 (макс 2 возрасни + 1 дете до 13 години + 1 дете до 3 години или 3 возрасни + 1 дете до 3 години) брачен кревет и еден единечен кревет.
Семејната дуплекс соба располага со 82 соби со површина од 30м2 (макс. 2 возрасни + 3 деца до 13 години или 3 возрасни + 2 деца до 13 години или 4 возрасни + 1 дете до 13 години) лоцирани на петти кат и уреден по принцип дуплекс, брачен кревет и два посебни кревети.
Секоја сместувачка единица располага со: бања, централна клима, балкон, фен, сателитска ТВ, мини бар (се надополнува со сокови и вода на денот на пристигнување, а потоа се надополнува со вода дневно), Wi-Fi интернет (со доплата) сеф (со доплата), телефон, фен, бања со туш, чајник.
Содржини: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, воден парк, главен ресторан „Zen Inn“, 2 a la carte ресторани - риба и турски, Бистро снек бар, Pastry bar, Lobby bar, Irish bar, Beach bar, Pool bar, Aqua Bar. Концептот вклучува домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, амфитеатар, дневни и вечерни анимации (шоу програми, активности на плажа и базен, вечерна програма), спа центар , парна бања и сауна, фитнес центар, мини клуб за деца од 4 - 13 години, игротека, тениски терени. Со доплата гостите можат да користат флаширани пијалоци, свежо цеден сок, Wi-Fi интернет, осветлување на тениски терени, спортови на вода, трговски центар, масажи и разни третмани и се останато надвор од концептот
Плажа: Хотелот има приватен дел од плажата кој е песочен и чакал, оддалечен е од хотелот 300м. До плажата редовно сообраќа шатл-автобус, кој е бесплатен за гостите на хотелот, а до него има и подземен премин. Лежалките и чадорите се бесплатни за користење за гостите на хотелот. Употреба на крпи со депозит.