Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Seven Seas Hotel Blue
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотел кој се наоѓа во регионот Титрејенгол, на 6 км од античкиот град Сиде и 70 км од аеродромот во Анталија. Хотелот зафаќа површина од 100.000 м2, започна со работа во 1987 година, а последен пат е реновиран во 2019 година.
 
Сместување: Хотелскиот комплекс располага со вкупно 360 соби. Располага со 98 стандардни соби со поглед на градина (максимум 2+2 лица, француски кревет или два посебни кревети, за дополнителни лица/деца има дополнителен кревет или софа на извлекување, 25 м2), 35 стандардни соби со поглед на базен (макс 2+2, француски кревет или два посебни кревети, за дополнителни лица/деца е достапен дополнителен кревет или софа на извлекување, 25 м2), 21 стандардна соба со поглед на море (макс 2+2, француски кревет или два посебни кревети), за дополнителни лица/деца е обезбеден дополнителен кревет или софа на извлекување, 25 м2), 8 семејни соби (макс 3+1, француски кревет или два посебни кревети, за дополнителни лица/деца дополнителен обезбеден е кревет или софа на извлекување, 43 м2). Секоја соба располага со: балкон или тераса, сеф (бесплатно), интернет, сет за чај и кафе, телефон, ТВ, мини бар (бесплатно), фен и централна клима.
 
Содржини: Хотелот располага со главен и 4 a la carte ресторани со претходна резервација и со доплата, 8 барови, 5 базени, конференциска сала (до 170 лица), кино, турска бања, спа центар, сауна, парна бања, фитнес центар , аеробик, Спа центар, аквабајк, пилатес, гимнастика, диско, 2 тениски игралишта, игротека, кошарка, стрелаштво, ватерполо, кангу скок, мини фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пинг понг, анимација, музика во живо, детско игралиште, 2 детски базени, 2 детски клуб (0-4 години и од 05-08), детско мени и сл. Бесплатен Wi-Fi интернет пристап е достапен во собите и јавните површини.
Концептот не вклучува:
услуга во соба, a la carte ресторани (со доплата и потребна е претходна резервација), одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, флаширани и конзервирани пијалоци, енергетски пијалоци, цедени сокови, фризер, лекар, масажа, бебиситерка, услуги за перење, хемиско чистење, моторизирани спортови на вода, часови по тенис, осветлување на тениски терени, изнајмување автомобили, продавници, услуга во соба, фитнес инструктор.

Плажа: Seven Seas Hotel Blue (пр. Otium Seven Seas) се наоѓа на приватна плажа со песок и камчиња долга 140 m.
Лежалки и чадори на плажа и покрај базен (бесплатно), крпи за плажа (со депозит), изнајмување павилјони на плажа се доплаќа.