Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Sianji Well-Being Resort
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Ресортот е опкружен со островите Kos и Kalimnos, а се наоѓа во Тургутреис, на околу 22 км од центарот на Бодрум и на околу 49 км од аеродромот Милас. Хотелот е отворен во 2009 година и зафаќа површина од 40.000 м2.

Сместување: Хотелот има 139 соби. Junior Suite се со површина од 40-45м2 и може да се сместат до 2 лица. Некои соби од овој тип немаат тераса. Suite Seaview собите имаат поглед кон море и базените, имаат балкон или тераса и се со големина од 55-94м2.Poolview вилите се со големина од 101-180м2, и имаат поглед кон базенот и тераса. Сите соби во хотелот имаат поглед кон базенот или морето, балкон, градина или тераса, клима уред, фен, телефон, мини бар, сеф, сателитска телевизија.

Хотелски содржини: Хотелот има приватна марина и à la carte ресторан Elani Beach, кој служи медитеранска кујна каде можете да доживеете целосно ново гурманско искуство, во ресторанот Wellness се служат à la carte специјалитети подготвени со здрава храна и популарни сурови оброци. Во ресторанот Nunu  се служат оброци на база на шведска маса, разновидни здрави оброци од целиот свет во текот на летото.

Спорт и забава: Хотелот има 3 отворени базени, од кои едниот е за деца, и два затворени базени, од кои едниот е со морска вода. Едно од значајните места во ресортот, каде што гостите можат да се релаксираат е  spa центарот Muu, кој нуди различни алтернативни третмани, вклучувајќи азиски масажи, традиционална турска бања, турски пилинзи за тело, масажи со пена, ВИП бањи и семејни бањи. Гостите кои користат ВИП бања имаат топла када и бањи со чоколадо или шампањ во просториите за ВИП масажа. Ексклузивни услуги во spa центарот Muu, се достапни со дополнителни трошоци. Активности: аеробик, јога, тенис, одбојка, пинг-понг, тенис, кошарка, фитнес центар, ватерполо, одбојка на плажа. Во вечерните часови програм со музика во живо. Со доплата се следните: часови по тенис и осветлување, спортови на вода, специјални часови по јога и пилатес, нуркање.

Плажа: Хотелот се наоѓа на песочна плажа, која има и пристаниште. Лежалки и чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни.