Sousse Pearl Marriott Beach and Spa
Локација: Хотелот се наоѓа на 3 км од историскиот центар на Сус. Најблискиот аеродром е во Монастир, Habib Bourguiba International, на 17 километри од хотелот, додека аеродромот во Тунис е оддалечен 153 километри.
Соби: Хотелот располага со 224 пространи и модерно опремени соби со тераса. Сите соби имаат клима, бања, фен, сателитска ТВ, телефон, сеф, мини бар.
Содржини: На располагање на гостите се главен ресторан, a la carte ресторан, ресторан покрај базен и на плажа, бар, внатрешен базен отворен преку целата година, два надворешни базени, детски базен, спа центар (турска бања, сауна, масажа), фитнес центар. Размена на валута, продавници, складирање на багаж, услуга за чување деца, перење и пеглање, бесплатен Wi-Fi е достапен на јавни површини. Одредени хотелски услуги бараат претходна резервација, доплата или депозит кој се враќа при поаѓање.
Плажа: Хотелот располага со приватна плажа, која е одвоена со улица. Лежалки и чадори на базен и на плажа се бесплатни, додека за пешкирите се бара депозит.