Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
SULTAN OF SIDE
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Хотелот се наоѓа во регионот Evrenseki. Оддалечен е околу 12 км од Манавгат и околу 65 км од аеродромот во Анталија.

СМЕСТУВАЊЕ: Хотелот во својата понуда има вкупно 334 соби.Секоја соба е опремена со: бања со када или туш, фен, клима, директен телефон, мини бар, сеф (се доплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса.

СОДРЖИНИ: Хотелот во својата понуда има главен ресторан со отворено бифе - самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса), ресторани A’la Carte (турски, италијански, риба), барови, диско клуб. Услуги со доплата се: лекарска услуга, чување деца, фен за коса, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење алишта, хемиско чистење, пеглање, трговски центар, изнајмување автомобили. Wi-Fi (мала брзина) е бесплатно во лобито.
Хотелот има внатрешни и надворешни базени за деца и возрасни, аква парк, фитнес, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг, забавна програма со професионален тим во текот на денот, вечерно шоу, мини кино, мини клуб за деца од 04 до 12 години , игралиште, разни програми во текот на денот, мини дискотека навечер.Услуги со доплата се: спортови на вода, велнес центар и салон за убавина, масажа, билијард.

ПЛАЖА: Хотелската плажа е песочно-камчеста. Се наоѓа на околу 250 метри од хотелот (5 минути пешачење). Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.

 

Забелешки

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски административни такси (40еур по лице / 20еур за бебе под 2години).

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Директно во канцелариите на Аурора
» Во кеш со денарска уплата
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)

» Електронски (онлајн) преку веб страната на Аурора Турс.
» Електронско плаќање со платежни картичкии

» Банкарски трансфер на сметка на Аурора Турс.

» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти) на Аурора Турс.

» Преку административна задршка од плата
» за компании, институции и синдикати со кои Аурора Турс има склучено договор.


» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

"EARLY BOOKING" АКЦИЈА за резерваци направени до 31.01.2023:

Резервирајте рано и користете големи попусти за ран букинг но и дополнителни поволности!

» Резервација со уплата од само 50 еур !
- Износот на уплатата се однесува по лице.
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 28.02.2023, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 50еур по лице е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2023, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.

» Плати 50% - користи 5% попуст!

За уплата при резервација во висина од најмалку 50% од вкупниот износ - ќе се одобри дополнителен попуст од 5%

» Целосна уплата - користи 7% попуст!

За резервации направени со целосна уплата - ќе се одобри дополнителен попуст од 7%

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АУРОРА ТУРС СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк. Аурора Турс не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

Програма

 

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 2 часа пред полетување, или соласно инструкциите обиени од оранизаторот. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.