Sun Island Resort & Spa е оддалечен на 17-минутен лет од меѓународниот аеродром во Мале. Избегајте во егзотичен свет на неверојатен можен простор, каде авантурите и релаксацијата се подеднакво достапни. Овој луксузнен ресорт има 9 ресторани со различни опции за јадење , од домашна кујна, Тајландска, Италијанска и Јапонска. На располагање се и неколкуте барови, во лоби, во базен и Coffee Shop кој нуди 24 часовна услуга. Секоја пространа вила е опремена со балкон, ТВ со кабелски канали и ДВД плеер, приватна бања со туш и када. За авантуристите, ресортот нуди џет-ски, кајак, утрински риболов и риболов на зајдисонце и крстарење по соседните острови, едрење со катамаран или летање со авиони на вода. Ресортот располага со СПА центарот кој нуди третмани за лице и тело, голем број на продавници и бутици кои обезбедуваат избор на сувенири. Покрај тоа, ресортот нуди отворен базен и бесплатен WiFi.
Од зачудувачки активности до драгоцено спокојство, овој ресорт на Малдивите ќе ве воодушеви и пружи извонредни искуства и незаборавни спомени.