Локација:
Хотелот се наоѓа директно на прекрасната песочна градска плажа Vryssi Beach во Протарас, каде со лежалките и чадорите за сонце се со доплата. На кратко пешачко растојание е плажата Fig Tree. Центарот на Протарас, ресторани, барови и продавници се на неколку чекори. Паралимни е на 7 км, Аја Напа на 12 км, а аеродромот Ларнака на 67 км. Во непосредна близина има автобуска станица, такси и можност за изнајмување возила.
Соби и сместување:
Располага со модерни соби и апартмани со балкон, клима, ТВ, бесплатен интернет, минибар и сеф. Сите соби имаат керамички под, чајник и контролирано ладење/греење. Достапни се соби со поглед на море, страничен поглед на море, јуниор апартмани и фамилијарни суити.
Хотелски содржини:
Голем ресорт со рецепција 24/7, лоби бар, продавница, менувачница и бесплатен паркинг. Нуди седум ресторани, неколку барови и бесплатен WiFi. Хотелот е комплетно достапен за лица со намалена подвижност. Перење, пеглање и рум сервис се достапни со доплата. Комплексот има три отворени базени и детски базен, со бесплатни лежалки и чадори. Пул-бар работи од 09:00 до 18:00.
Исхрана:
Се нуди појадок, полупансион и полн пансион. Оброците се во ресторан на шведска маса, а дел од нив во селектирани a la carte ресторани.
Спорт и забава:
Гостите можат да користат тенис, падел (со доплата), пинг-понг, фитнес и одбојка на песок. На плажа се достапни спортови на вода. Wellness центарот нуди бесплатна сауна и масажи со доплата. Има анимација за возрасни, детско игралиште, мини клуб и услуги за чување деца.
Напомени
Некои услуги се сезонски или со доплата. Плажните содржини се наплатуваат од локалните оператори.