Локација: Хотелот е на одалеченост околу 15 километри од аеродромот и околу 20 километри јужно од Хургада. На 10-минути пешачење од хотелот е Трговски центар Senzo, во кој се бутици, ресторани, барови, кино и супермаркет.
Соби: Хотелот има 252 соби и сите соби имаат клима уред, телефон, LCD телевизор, сеф, мини бар и балкон или тераса.
Содржини: Sunrise Crystal е луксузно одморалиште каде гостите на хотелот имаат на располагање 5 ресторани (3 а ла карт, главен ресторан и ресторан на плажа), 10 барови (покрај базенот, плажа, лоби, снек бар), 2 базени, детски базен, SPA центар со сауна, џакузи, турска бања, соби за масажа и теретана.
Спорт и забава: Хотелот има тениски игралишта, пинг понг, фудбал на маса, одбојка, пикадо , билијард, нуркање и спортови на вода.За дневните анимации се грижи професионален анимациски тим, а за најмладите има Немо клуб
Плажа: Хотелот е со сопствена песочна плажа.