Локација: Хотел Sunrise Resort се наоѓа во регионот Kizilagac. Одалечен е 15 км од Сиде и 75 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има вкупно 504 соби во главната зграда и во 14 клуб згради. Сите соби имаат: бања со када или туш, фен, централна клима која работи според временските услови, директна телефонска линија, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, пиво, се надополнува секојдневно), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, тераса/балкон. Wi-fi интернет (помали брзини) е бесплатен.
Хотелски содржини: Ultra All Inclusive на база на отворено бифе - самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса) за ран појадок, појадок, ручек, ужина, вечера, домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежи овошни сокови само за појадок, сладолед, слаткарница.
Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, тениски терени со тврда подлога (само 2 се бесплатни), пинг понг, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, гимнастика, сквош. Забавна програма за возрасни и деца преку ден, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 до 12 години.
Плажа: Приватната песочнo - камчеста плажа на хотелот. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.