Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
Transatlantik Hotel & Spa
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот Transatlantik Hotel & Spa се наоѓа во Гојнук, оддалечен 9 км од Кемер и 40 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е отворен во 2007 година, а реновиран 2018 година.

Сместување: Хотелот располага со 116 соби од различна категорија, распоредени во две згради. Сите соби се опремени со бања со туш кабина или када, фен, централна климатизација, директна телефонска линија, мини бар (безалкохолни пијалоци и вода – еднаш  по пристигнување), сеф (со доплата), LCD ТВ со сателитска телевизија со музички канали, балкон или тераса.

Хотелски содржини: Хотелот Transatlantik Hotel & Spa располага со 24-часовна рецепција, менувачница, лифтови, конференциски сали, консиерж услуги, услуга за перење и паркинг. Во склоп на хотелот има главен ресторан на база на Ултра се вклучено (Ultra All Inclusive), 4  à-la-carte ресторани и повеќе барови.

Спорт и забава: Хотелот има отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква-парк со тобогани, тениски игралишта, пинг-понг, одбојка на плажа, спа центар со турска бања, сауна и парна бања, фитнес центар, забавен програм во текот на денот, вечерна шоу програма, детски клуб и детско мини диско за деца од 4 до 12 години.  Според правилата на хотелот со доплата се следните услуги: доктор, услуги за перење, услуга за чување деца, телефон, факс, интернет, фризер, масажи, услугите во спа центарот и спортовите на вода. Безжичниот интернет во собите и лобито е со доплата.

Плажа: Хотелот има приватна плажа, со песок и камчиња, оддалечена околу 150 м од хотелот. До плажата може да се стигне по хотелската патека и пешачкиот мост над патот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.