Локација: Хотелот се наоѓа во областа Лара Кунду, на 20км од центарот на Анталија, 15 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Хотелот има вкупно 540 соби распоредени во 6 блокови. Собите можат да бидат со поглед на море, градина или базен и истите се опремени со купатило со када, фен и телефон во купатило, клима, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, мали шишиња вино, чипс), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан Ristorante Bellini, A’la Сarte Ресторани-Ristorante Veneto (Италијански), Burano (рибен ресторан), La Carreta (Бразилска и Аргентинска кујна), Café Florian-бели пецива, Lido bar-дневна ужина и 9 барови на различни локации во хотелскиот комплекс. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, фризер, Велнес центар, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car дополнително се наплаќа. WI-FI интернет во лоби и во целиот хотел е бесплатен.
Спорт и забава: Хотелот располага со отворени и затворени базен, нов аква парк со 7 лизгалици за возрасни и 5 лизгалици на вода за деца, фитнес центар, сауна, Турска бања, Џакузи, тениски игралишта, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, пикадо, билијард. Часови по тенис и осветлување за тениските игралишта, часови за нуркање, водени спортови, масажа и салонот за убавина се наплаќаат дополнително. Забавна програма преку целиот ден и шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04-12 год.
Плажа: Хотелска приватна песочна плажа со лежалки, пешкири и чадори за сонце кои не се наплаќаат. Приватните павиљони со претходна резервација дополнително се доплаќаат.