Локација: Хотел Вихрен Палас во Банско е одличен хотел на феноменална локација , на само 80 метри од гондолата и на 5 минути пешачење од центарот на градот Банско.
Сместување: Хотелот има четири ката, лифт, 72 студија, 49 апартмани со една спална соба, 9 апартмани со две спални соби. Секоја соба е опремена со фрижидер, сателитска ТВ, телефон, мини бар, интернет, бања, фен за коса, балкон. Во анекс зградата, која е физички одвоена од главната хотелска зграда, има студија и апартмани со една и две соби. Кујните се опремени со садови и прибор и дозволено е подготовка на оброци во просторијата. Услугата во анекс зградата е на база на изнајмување.
Хотелски содржини: Хотелот во својата понуда има ресторан, меана, ресторан во национален стил, лоби бар, кафуле, слаткарница, фризерски салон, подземна гаража, безжичен интернет, продавница за сувенири, услуга во соба, сеф, модерен СПА центар со внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи, турска бања , масажа , фитнес, ски соба. Бесплатни услуги на хотелот се: користење на затворен базен, сауна, парна бања, фитнес, ски соба, WiFi во фоајето, мини клуб за деца.