Локација: Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 17км од Манавгат и 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупно 632 соби во бунгалови на 2, 3, 4 ката. Сите соби се опремени со купатило со туш или када, фен, сплит клима уред, телефон, сеф (со доплата), мини бар (само вода), сателитска ТВ и музички канали, балкон. WI-FI интернет мрежата е бесплатна.
Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан со шведска маса. Во хотелот можете да вкусите повеќе кујни : отоманска кујна, италијанска кујна, рибен ресторан, турска кујна, Beluga – рибен ресторан. Хотелот има барови околу целиот комплекс. Со доплата се услугите: доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, интернет, копјутерски игри, продавници, изнајмување кола. WI-FI интернет мрежа во лобито и во собите е бесплатна.
Плажа: Хотелот има приватна песочна плажа. Лежалките, чадорите и пешкирите за на плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Приватните павилјони се со претходна резервација и дополнително се наплаќаат.