Одбери
Период на престој, ноќевања, соба
VON RESORT ELITE
{{offerInfo.checkIn | date:'dd.MM.yyyy'}} / {{offerInfo.checkOut | date:'dd.MM.yyyy'}} - {{offerInfo.night}} Ноќевања цена за соба
Тип на соба
Услуга
Цена
Room Amenities{{room.roomName}}
Услуга{{offer.rooms[0].boardName}}
Вклучено во цена:
Сподели на
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Colakli,на 15km од Manavgat и 55km од аеродромот во Анталија.

Сместување: Хотелот има вкупно 180 соби. Сите соби се опремени со купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секојдневно со безалкохолни пијалоци и вода), електричен бокал, сет од чај и кафе, сеф, тепих на под, сателитска телевизија и музички канали, балкон. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во хотелското лоби.

Содржини: Хотелот во својата понуда има главен ресторан Safran со шведска маса, A’la Carte ресторани: Kaftan Kebap House – Турска кујна, Vogatore – Италијанска кујна (Golden Beach), Beluga – Рибен ресторан, Kaiseki – кујна од Далечен Исток, Longhorn Steak House – Steak ресторан, Kekik – Отомански ресторан (Golden beach), барови низ хотелскиот комплекс. Услуги со доплата: доктор, бебиситер, услуги за перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар. WI-FI интернет конекцијата во лобито и собите е бесплатна.

Спорт и забава: Хотелот има надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, голем аква парк со 11 лизгалки (влезот е бесплатен за гости на хотелот), фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг – понг. Со дополнителна наплата: спортови на вода, куглање, билијард, Fun Fair, масажа и центар за убавина. Забавни програми за време на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 – 12 години.


Плажа: Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори, и пешкири за гостите на хотелот.  Павиљоните на плажа се  со претходна резервација и се наплаќаат дополнително.